ПРОПАДНА ТАЈНИОТ ПЛАН НА ТРАМП ЗА СРЕДБА СО КИМ ЏОНГ УН Што побара Северна Кореја

Американската администрација инсистирала до последен момент, но преговорите не довеле до договор.

ПРОПАДНА ТАЈНИОТ ПЛАН НА ТРАМП ЗА СРЕДБА СО КИМ ЏОНГ УН Што побара Северна Кореја
Фото: Принтскрин

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп до последен момент се обидувала да организира средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неодамнешната азиска турнеја на Трамп, но обидот завршил без успех.

Според функционер запознаен со преговорите, Вашингтон и Пјонгјанг ја разгледувале можноста за директна средба меѓу двајцата лидери, но Северна Кореја поставила услови кои биле неприфатливи за американската страна.

Ова го објавува „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на официјални лица вклучени во разговорите. Засега не се открива какви конкретни барања поставил Пјонгјанг, ниту што точно ја спречило реализацијата на средбата.

CATEGORIES
Share This