МИЦКОСКИ НАПРАВИ СПОРЕДБА СО ВЛАДАТА НА СДСМ И ДУИ Реалната плата од минус пет сега е плус 5,2 отсто
Премиерот направи споредба на реалните плати во септември 2022 и септември 2026 година, оценувајќи дека денес состојбата е значително подобра, но призна дека растот сè уште не е доволен.

Премиерот Христијан Мицкоски оценува дека реалната нето-плата во Македонија бележи раст од 5,2 отсто во однос на истиот период лани, што според него е добар резултат со оглед на економските предизвици во регионот и светот.
Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Делчево, Мицкоски рече дека растот не е доволен и дека платите треба дополнително да се зголемуваат, но изрази задоволство од насоката во која се движат економските показатели.
Тој направи споредба на септември 2026 година со истиот месец во 2022 година, посочувајќи дека тогаш реалната нето-плата бележела пад од пет проценти, додека сега има раст од 5,2 отсто. Според Мицкоски, разликата покажува дека денешната економска состојба е подобра отколку пред три години, иако, како што рече, сите проблеми не се решени.
Премиерот додаде дека очекува за три години економските услови да бидат уште подобри и порача дека Владата останува фокусирана на проекти и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

