ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО Се очекуваат поројни дождови, грмежи и ветер над 50 км/ч
По топлото време следува посвеж период со променлива облачност и повремени врнежи, кои локално ќе бидат пообилни. На места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Фото: Национал
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и ќе надминат 15 литри на квадратен метар. Локално се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен северниот ветер, со брзина над 50 километри на час. Температурите ќе се движат од 10 до 25 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Во делови од Скопската Котлина постои можност за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
CATEGORIES Македонија


