ПРЕТСТАВАТА СЛЕПЦИ ГО ОСВОИ ДРАЧ – Четири награди за Турскиот театар

Претставата на Ќендрим Ријани триумфираше на првото издание на меѓународниот фестивал во Албанија.

ПРЕТСТАВАТА СЛЕПЦИ ГО ОСВОИ ДРАЧ – Четири награди за Турскиот театар
Фото: Принтскрин

Претставата во режија на Ќендрим Ријани беше прогласена за најдобра претстава, а награди добија и режијата и актерската екипа за најдобра актерска изведба во целина. Жирито додели и специјално признание за актерката Сузан Акбелге.

„Слепци“ е создадена според истоименото дело на Морис Метерлинк и книгата „Погубни идентитети“ од Амин Малуф. Во претставата настапуваат Џенап Самет, Хакан Даци, Јеткин Сезаир, Сузан Акбелге, Фунда Ибрахим, Несрин Таир, Слаѓана Вујошевиќ, Емине Халил, Зубејде Али, Инес Радончиќ и Един Јакуповиќ.

Музиката ја потпишува Емрах Џемаили, додека костимите се дело на Медина Хоџа и Маја Ѓуреска.

Приказната следи единаесет слепи ликови, оставени во непознат простор, кои се обидуваат да го пронајдат патот и да се вратат назад. Во таа потрага, тие повторно се соочуваат со моменти и сеќавања од своите животи.

За „Слепци“, Турскиот театар од Скопје веќе има добиено признанија и на минатогодишниот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Меѓу наградените беа режисерот Ќендрим Ријани за најдобра режија и Слаѓана Вујошевиќ за најдобра млада актерка.

CATEGORIES
Share This