ПРЕСВРТ ВО ВРЕМЕТО Сонце до 31 степен, но попладне следуваат дожд и грмежи
Променливо облачно време низ Македонија, локални поројни врнежи и засилен северен ветер до 40 километри на час, особено долж Повардарието.

Фото: Национал
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а дневната температура ќе се движи од 11 до 31 степен.
Во попладневните часови на места се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Во јужните делови од земјата ќе има услови за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер, додека долж Повардарието ќе биде засилен од северен правец, со брзина до 40 километри на час.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе биде засилен.
CATEGORIES Македонија

