ПРЕСВРТ ВО ИЗРАЕЛ Ајзенкот доби 67 пратеници зад себе, Нетанјаху остана со 46

Претседателот Херцог најави дека во недела ќе го додели мандатот за формирање влада, по дополнителните консултации со партиските лидери.

ПРЕСВРТ ВО ИЗРАЕЛ Ајзенкот доби 67 пратеници зад себе, Нетанјаху остана со 46
Фото: Принтскрин

Израел се соочува со можен политички пресврт, откако лидерот на партијата „Јашар“, Гади Ајзенкот, доби поддршка од 67 пратеници за формирање нова влада, наспроти 46 препораки што ги доби актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Претседателот на Израел, Исак Херцог, соопшти дека Ајзенкот добил мнозинство препораки по консултациите со парламентарните фракции, но нагласи дека мандатот за формирање влада ќе го додели дури во недела.

Како што објавува „Тајмс оф Израел“, Херцог најавил дополнителни разговори со лидерите на политичките партии за да утврди кој има најголеми можности да состави нова влада.

На крајот од консултациите, претставниците на фракциите со вкупно 67 пратеници препорачале мандатот да му биде доверен на Ајзенкот, додека фракциите со 46 пратеници застанале зад Нетанјаху.

И покрај јасната разлика во бројот на препораките, конечната одлука останува кај претседателот Херцог, кој треба да процени кој кандидат има реални изгледи да обезбеди парламентарна поддршка за формирање влада.

ИЗБОРНА БУРА ВО ИЗРАЕЛ Сомнежи за странско мешање, Ликуд бара истрага

CATEGORIES
TAGS
Share This