ТАЖНА ВЕСТ ОД ПРИЛЕП Почина легендата на Победа и Вардар, Ристо Глигоровски

На 76-годишна возраст почина фудбалерот кој остави неизбришлива трага во прилепскиот клуб, настапуваше за Вардар и со Партизан замина на турнеја во Јужна Америка.

ТАЖНА ВЕСТ ОД ПРИЛЕП Почина легендата на Победа и Вардар, Ристо Глигоровски
Фото: Принтскрин

Тажна вест пристигнува од Прилеп. На 76-годишна возраст почина Ристо Глигороски, легендарниот фудбалер кој остави длабока трага во дресот на Победа, а настапуваше и за скопски Вардар. Глигороски беше едно од препознатливите имиња на прилепскиот фудбал, каде што со своите настапи и квалитет стекна голема почит кај навивачите на Победа.

Роден е во Охрид во 1950 година, но најголемиот дел од фудбалската кариера и животот ги помина во Прилеп. Во Победа пристигна од струшки Караорман, а многу брзо го покажа својот квалитет пред прилепската публика. Неговите настапи не останаа незабележани, па доби и покана од белградски Партизан, со кој замина на едномесечна турнеја во Јужна Америка.

Кон крајот на седумдесеттите години настапуваше и за скопски Вардар, по што повторно се врати во Победа, клубот со кој остави посебен белег во својата кариера. Со неговото заминување, прилепскиот и македонскиот фудбал загубија име кое ќе остане запаметено меѓу генерациите љубители на фудбалот.

CATEGORIES
Share This