ПРЕКИНИ ВО СТРУЈАТА И ВОДАТА ВО СКОПЈЕ Еве кои населби и улици се погодени

Екипи на „Водовод“ и „ЕВН“ се на терен и прекините ќе траат до завршување на интервенциите.

ПРЕКИНИ ВО СТРУЈАТА И ВОДАТА ВО СКОПЈЕ Еве кои населби и улици се погодени
Фото: Национал

Поради улични дефекти, технички интервенции и приклучување на нови водоводни линии, дел од корисниците во повеќе скопски населби денеска ќе останат без вода. Паралелно, „ЕВН Македонија“ најавува и плански прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Од ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ информираат дека поради уличен дефект на водоводната мрежа со профил ф-100 милиметри на улицата „Милан Мијалковиќ“ број 39, од 09:15 часот е прекинато водоснабдувањето за корисниците на истата улица. Прекинот ќе трае до завршување на санацијата.

Во тек се и активности за техничко поврзување на нова водоводна мрежа, поради што прекин во водоснабдувањето има на улицата „Џон Кенеди“ и крстосницата со улицата „Браќа Реџепагиќ“, како и во дел од населбата Топанско Поле.

Во општина Бутел, пак, прекин има на улицата „Иван Манолев“, каде што се санира регистриран уличен дефект.

Во меѓувреме, од „ЕВН Македонија“ известуваат и за плански прекини во снабдувањето со електрична енергија поради технички интервенции на дистрибутивната мрежа.

Без струја во одредени временски интервали ќе останат корисниците во населбата Белви, деловни и приватни објекти во околината на мотелот „Белви“ и „Чеза Комерц“, како и потрошувачите кои се напојуваат од трафостаницата „ТС Инџиково 2“.

Екипите на надлежните претпријатија се на терен и работат на отстранување на дефектите и завршување на планираните интервенции. Нормализацијата на водоснабдувањето и снабдувањето со електрична енергија се очекува по завршувањето на работите.

CATEGORIES
Share This