ПРАВИЛОТО 90/180 ГИ ДИГА НА НОЗЕ ПРЕВОЗНИЦИТЕ Во понеделник сите пред ЕУ во Скопје
Само обединети можеме да бидеме слушнати, „Макам-транс“ повика на масовен протест и бара решение за професионалните возачи.

Асоцијацијата „Макам-транс“ упати повик до превозниците, професионалните возачи, соработниците и ВИП-членките да се приклучат на протестот против правилото 90/180 дена престој во Шенген-зоната.
Протестот е закажан за понеделник, 31 август, од 12:00 до 14:00 часот, пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Од „Макам-транс“ велат дека актуелното правило создава сериозни проблеми за професионалните возачи, имајќи ги предвид спецификите на нивната работа и потребата од непречено одвивање на меѓународниот транспорт.
Целта на протестот, како што посочуваат од асоцијацијата, е да се испрати јасна порака до европските институции дека за професионалните возачи е потребно соодветно и одржливо решение.
„Ве повикуваме да бидеме што побројни. Само обединети можеме да бидеме слушнати“, порачаа од „Макам-транс“.

