ВНИМАВАЈТЕ ЗАД ВОЛАНОТ Одрони можат да го загрозат сообраќајот на овие делници

Зголемен е интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини, додека на границите нема подолги задржувања.

ВНИМАВАЈТЕ ЗАД ВОЛАНОТ Одрони можат да го загрозат сообраќајот на овие делници
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони.

Ова особено се однесува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Од 17 август до 1 октомври 2026 година е изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4“, на делницата Миладиновци–Свети Николе–Штип.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид–Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сите видови возила до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This