ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ДО ВЛАДАТА Денеска седница во Собранието, опозицијата прва ќе прашува

Пратениците ќе бараат одговори од премиерот, министрите и владините претставници за актуелните прашања и работата на институциите.

ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ДО ВЛАДАТА Денеска седница во Собранието, опозицијата прва ќе прашува
Фото: Национал

Собранието на Македонија денеска ќе ја одржи 131. пленарна седница, на чиј дневен ред е поставувањето пратенички прашања до претставниците на извршната власт.

Пратениците ќе имаат можност да бараат одговори од премиерот, министрите и другите членови на Владата за актуелните политички и општествени прашања, владините политики, како и функционирањето на институциите.

Според воспоставената собраниска практика, седниците за пратенички прашања се одржуваат секој последен четврток во месецот. Правото први да поставуваат прашања го имаат пратениците од опозициските партии.

Овие седници се еден од клучните механизми за парламентарен надзор и контрола врз работата на извршната власт, преку кои пратениците имаат можност директно да бараат отчетност од владините претставници.

Денешната седница е претпоследна во 2026 година на која пратениците ќе поставуваат прашања до Владата.

CATEGORIES
Share This