ПОСКАПУВА ПАРНОТО ОД 1 ДЕКЕМВРИ Сметките ќе бидат повисоки за 188 денари, еве колку ќе плаќаат скопјани

РКЕ донесе одлука за зголемување на цената на топлинската енергија поради поскапиот природен гас, а новите цени ќе важат за близу 70.000 потрошувачи во Скопје.

ПОСКАПУВА ПАРНОТО ОД 1 ДЕКЕМВРИ Сметките ќе бидат повисоки за 188 денари, еве колку ќе плаќаат скопјани
Фото: Национал

Од 1 декември поскапува парното во Скопје. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на цената на топлинската енергија, поради растот на цената на природниот гас предизвикан од геополитичките случувања.

За домаќинствата што се снабдуваат преку ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика, зголемувањето ќе изнесува во просек 7,56 проценти. Кај потрошувачите приклучени на мрежата на поранешна Топлана Скопје Север, со која сега управува Енерџи Еколинк, цената ќе се зголеми за 5,84 проценти.

Со новата одлука, просечната сметка за парно ќе биде повисока за 188 денари и ќе достигне 2.681 денар.

Од РКЕ информираат дека одлуката е донесена откако сите компании што вршат снабдување со топлинска енергија во Скопје доставиле вонредни барања за промена на регулираниот максимален приход и ревидирање на цената.

Претходната цена беше утврдена во јули, а почна да се применува од 1 август 2026 година. Во Скопје со топлинска енергија се снабдуваат близу 70.000 потрошувачи.

НОВ ЦЕНОВЕН УДАР ЗА СКОПЈАНИ СРЕДЕ ЗИМА Сите четири компании бараат поскапо парно

CATEGORIES
Share This