ШТО ПОДГОТВУВА ТРАМП ЗА ЕВРОПА – САД го одложија планот за распоредување на војската, НАТО сојузниците чекаат

Вашингтон го проби рокот до 1 декември за претставување на анализата за американското воено присуство во Европа, која треба да опфати број на војници, воени бази и права за прелет.

ШТО ПОДГОТВУВА ТРАМП ЗА ЕВРОПА – САД го одложија планот за распоредување на војската, НАТО сојузниците чекаат
Фото: Принтскрин

САД го одложуваат претставувањето на планот за реорганизација на американското воено присуство во Европа, со што ќе биде пробиен привремениот рок до 1 декември. Ова го потврдиле двајца неименувани дипломати од НАТО, пренесува „Политико“.

На вчерашниот состанок на претставниците на земјите-членки на Алијансата, заменик-амбасадорот на САД во НАТО, Скот Адкирк, ги информирал сојузниците дека Вашингтон нема да ја презентира анализата за распоредувањето на американските сили во Европа пред претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, закажан за следната среда.

Станува збор за сеопфатен преглед на американското воено присуство во Европа, кој во јуни го најави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет.

Планот треба да го преиспита обемот и распоредувањето на американските воени сили на европскиот континент, вклучително и бројот на војници, пристапот до воените капацитети, правата за користење на воените бази и дозволите за прелет.

Одложувањето доаѓа во период кога европските сојузници внимателно ги следат најавите на Вашингтон за промена на воената стратегија и распределбата на американските капацитети во Европа.

CATEGORIES
Share This