ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО БРИТАНИЈА Се бара повлекување на Стармер од врвот на власта

Стармер порача дека нема намера да се повлече и дека ќе учествува на секои избори за лидер на Лабуристите.

ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО БРИТАНИЈА Се бара повлекување на Стармер од врвот на власта
Фото: Принтскрин

Британската министерка за транспорт јавно го повика премиерот Кир Стармер да одреди рок за своето повлекување од функцијата, оценувајќи дека тоа би било во интерес и на државата и на Лабуристичката партија.

Според информациите објавени од „Фајненшл тајмс“, а пренесени од Ројтерс, министерката смета дека организираното заминување на Стармер би овозможило уреден трансфер на власта кон нов лидер на партијата.

Стармер, пак, претходно денеска изјави дека ќе учествува на евентуални избори за лидер на Лабуристичката партија, откако неговиот потенцијален противкандидат Енди Бернам оствари убедлива победа на дополнителните парламентарни избори во Мејкерфилд.

Бернам, познат и по прекарот „Кралот на северот“, освои 54,8 проценти од гласовите во изборната единица на северозападот од Англија. Второпласиран беше кандидатот на Реформската партија, Најџел Фараж, со 34,5 проценти од поддршката.

Со освоениот пратенички мандат, Бернам добива можност да се кандидира за лидер на Лабуристичката партија и потенцијално да стане нов британски премиер.

CATEGORIES
Share This