ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗАПРЕ АУДИТО КАЈ РАДОВИШ Во возилото пронајдени 14.440 евра

35-годишник од Бучим не приложил доказ за потеклото на парите, а судија му определил 30-дневен притвор.

ПОЛИЦИЈАТА ГО ЗАПРЕ АУДИТО КАЈ РАДОВИШ Во возилото пронајдени 14.440 евра
Фото: Принтскрин

Полицијата привела 35-годишен жител на Бучим, откако при контрола на неговото возило биле пронајдени 14.440 евра во различни апоени, за кои не приложил доказ за потекло.

Според информациите од СВР Струмица, на 13 август полициски службеници од ОВР Радовиш го забележале автомобилот „Ауди“ со радовишки регистарски ознаки на магистралниот пат Радовиш–Штип, во близина на крстосницата за Неготино. Со возилото управувал М.В. од село Бучим, лице на кое претходно му била изречена мерка на претпазливост – забрана за напуштање на домот, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Возилото било запрено кај крстосницата за село Бучим, каде што при извршениот преглед полицајците ги пронашле парите.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки М.В. бил задржан во Полициската станица Радовиш.

На 14 август тој бил изведен пред судија во Основниот суд Гевгелија, кој му определил 30-дневен притвор. По одлуката, М.В. бил спроведен во КПУ „Затвор Скопје“.

Од ОВР Радовиш, под раководство на јавен обвинител, продолжуваат со преземање мерки и активности за утврдување на сите околности и обезбедување докази во врска со сомнението за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, предвидено со член 273 од Кривичниот законик.

CATEGORIES
Share This