ПОЧИНА ЛИЛЈАНА АЛТИПАРМАКОВА – Зачајно име во новинарството

Лилјана Алтипармакова со децении беше дел од јавниот простор и медиумскиот развој.

ПОЧИНА ЛИЛЈАНА АЛТИПАРМАКОВА – Зачајно име во новинарството
Фото: Принтскрин

Почина Лилјана Алтипармакова која со децении беше дел од јавниот и медиумскиот живот. Семејството на Лилјана Алтипармакова ја сподели веста за нејзиното заминување. Таа целиот свој работен век го помина во Македонската радио-телевизија, каде што работеше како спикерка, новинарка и уредничка. Со својот препознатлив глас и професионален пристап, стана едно од заштитните лица на јавниот сервис.

Нејзиниот придонес во развојот на медиумите остави длабока трага, а нејзината работа ќе остане дел од колективната меморија на генерации новинари и гледачи.

Погребот на Лилјана Алтипармакова ќе се одржи на 22 април во 11:30 часот на гробиштата Бутел.

CATEGORIES
Share This