ПО ИЗМЕНИТЕ НА КЗ Предметите за функционерите застареа еден по друг

Од 16 застарени предмети во 2022 до 26 во 2024 година - статистиката на Кривичниот суд покажува нагол пораст по измените на Кривичниот законик.

ПО ИЗМЕНИТЕ НА КЗ Предметите за функционерите застареа еден по друг
Фото: Принтскрин

Статистиката на Кривичниот суд за застарените предмети во изминатите пет години ги покажува последиците од измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година. Со измените значително беа намалени казните за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, по што во застареност заминаа и повеќе предмети што се водеа против поранешни и актуелни функционери.

Податоците на Кривичниот суд покажуваат дека во 2022 година, пред измените на Кривичниот законик, биле застарени 16 предмети. Веќе во 2023 година бројот се зголемил на 18, а во 2024 година достигнал 26 застарени предмети.

Минатата година биле евидентирани уште 20 застарени предмети, додека во тековната година досега се регистрирани шест.

Трендот покажува значителен пораст на бројот на предмети што завршиле со застареност по донесувањето на измените на Кривичниот законик. Дел од нив, според образложенијата во конкретните предмети, застареле токму поради изменетите законски рокови и намалените казни.

На тој начин, измените од 2023 година имаа директно влијание врз текот и исходот на повеќе кривични постапки, вклучително и предмети во кои обвинети се поранешни и актуелни носители на јавни функции.

CATEGORIES
Share This