ПИНОКИО И ЛАЖЛИВЕЦ ФРИЦ ГО РАЗБРАНУВАА БЕРЛИН Германија го менува законот за навреди кон политичари

Законот што им обезбедува посилна кривично-правна заштита на политичарите е на сила од 1951 година.

ПИНОКИО И ЛАЖЛИВЕЦ ФРИЦ ГО РАЗБРАНУВАА БЕРЛИН Германија го менува законот за навреди кон политичари
Фото: Принтскрин

Во Германија повторно се отвора дебатата за законската заштита на политичарите од навреди и клевети, откако беа покренати повеќе истраги против граѓани поради критики и навреди упатени кон канцеларот Фридрих Мерц.

Повод за новите полемики се и случаите во кои Мерц бил нарекуван „Пинокио“ и „Лажливец Фриц“. Еден од случаите со „Пинокио“ подоцна бил отфрлен, со образложение дека изјавата е заштитена со слободата на изразување.

Германските политички партии сега разгледуваат можни измени на членот 188 од Кривичниот законик, кој предвидува посебна кривично-правна заштита на политичарите кога навредите се поврзани со нивната јавна функција.

Во центарот на дебатата е прашањето каде треба да се повлече границата меѓу заштитата на избраните функционери и правото на граѓаните на слобода на говор, политичка критика и исмевање на носителите на јавни функции.

Контроверзниот член 188 е дел од германското кривично законодавство со децении, а неговата примена во последните години повторно предизвикува критики дека политичарите добиваат поголема правна заштита од обичните граѓани.

CATEGORIES
Share This