ТРАМП ОТКРИВА Ким Џонг Ун ми одговори, јас го разбирам него, тој ме разбира мене
Американскиот претседател тврди дека севернокорејскиот лидер реагирал по одлуката на САД да го намалат обемот на воените вежби со Јужна Кореја.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун реагирал на неговата порака, откако САД најавија значително намалување на воените вежби со Јужна Кореја.
Одговарајќи на прашање од новинарите во Овалната соба зошто Ким не реагирал на одлуката за намалување на заедничките воени вежби, Трамп возврати дека севернокорејскиот лидер сепак реагирал.
„Ким Џонг Ун отсекогаш се однесувал кон мене со голема почит. Се сретнавме во неколку наврати, разговаравме и поминавме време заедно. Јас го разбирам него, а тој ме разбира мене“, рече Трамп.
Американскиот претседател додаде дека неговата цел е преку подобрите односи со Пјонгјанг да придонесе за поголема безбедност на Корејскиот Полуостров.
Трамп претходно нареди Пентагон да го намали обемот на заедничките воени вежби со Јужна Кореја, образложувајќи ја одлуката со високите трошоци и оценката дека вежбите испраќаат непотребно непријателска порака кон Северна Кореја.

