ПЕЗЕШКИЈАН СО НОВА ИЗЈАВА Не е готов договорот, што навистина се случува

Неизвесност останува околу конечниот исход и детали од договорот.

ПЕЗЕШКИЈАН СО НОВА ИЗЈАВА Не е готов договорот, што навистина се случува
Фото: Принтскрин

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан соопшти дека сè уште не е постигнат конечен договор за прекин на конфликтот меѓу САД и Иран, но дека постојниот меморандум за разбирање претставува значаен чекор кон намалување на тензиите и отворање пат за нови преговори, јавуваат иранските медиуми.

Во објава на социјалната мрежа X, тој истакна дека досега постигнатото е „важен чекор кон прекин на војната и започнување преговори“.

Според извештаи на „Скај њуз“, Пезешкијан додал дека Иран е „подготвен за сите опции“, но и дека земјата научила од претходните искуства и не прифаќа понижување.

Во одделна објава, тој нагласил дека меморандумот е резултат на повеќемесечен континуиран дијалог и го оценил како „доказ за гордост“ за Иран, повторувајќи дека и покрај неговата привремена природа, земјата останува подготвена за сите сценарија.

Пезешкијан претходно изјави дека Иран и САД во петок ќе потпишат меморандум за разбирање, без да ја открие локацијата на потпишувањето, додавајќи дека над 90 проценти од членовите на Врховниот совет за национална безбедност го поддржале нацрт-документот.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, изјави дека договорот со Иран ќе овозможи слободно и безбедно движење низ Хормутскиот теснец, кој го оцени како клучен за глобалната трговија.

КРАЈ НА КОНФЛИКТОТ Пезешкијан откри кога ќе биде потпишан клучниот документ со САД

CATEGORIES
Share This