КРАЈ НА КОНФЛИКТОТ Пезешкијан откри кога ќе биде потпишан клучниот документ со САД

Пезешкијан потврди дека меморандумот за разбирање меѓу Иран и САД ќе биде потпишан во петок, но локацијата останува непозната.

КРАЈ НА КОНФЛИКТОТ Пезешкијан откри кога ќе биде потпишан клучниот документ со САД
Фото: Принтскрин

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан потврди дека Иран и Соединетите Американски Држави во петок ќе потпишат меморандум за разбирање, чија цел е прекин на конфликтот меѓу двете земји. Тој не откри каде ќе се одржи церемонијата на потпишување, пренесе иранската агенција Мехр.

„Меморандумот за разбирање за прекин на војната меѓу Иран и САД ќе биде потпишан во петок. Овој документ е извор на гордост не само за нашата земја, туку и за целиот регион и за регионалните сојузници на Иран“, изјави Пезешкијан.

Според него, доколку сите точки од меморандумот бидат целосно спроведени, документот ќе претставува „чесен договор за државата“.

Иранскиот претседател нагласи и дека повеќе од 90 проценти од членовите на Врховниот совет за национална безбедност го поддржале нацрт-документот, што укажува на широка политичка поддршка за договорот во земјата.

ТЕНЗИИ НА МАКСИМУМ – САД и Иран најавуваат договор, Израел не попушта

CATEGORIES
Share This