ПЕКОЛНИ 38 СТЕПЕНИ, ПА ПОРОЕН ДОЖД Еве што нè очекува попладне
Попладне на повеќе места се очекува локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, додека температурите ќе достигнат до 38 степени.

Фото: Национал
Денеска (16 јули) времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а во попладневните часови на одделни места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се движи од 31 до 38 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, а максималната дневна температура ќе достигне до 37 степени.
CATEGORIES Македонија


