ЈОВЧЕСКИ: НЕ ЗБОРУВАМЕ – ДЕЛУВАМЕ – И членови на раководството на Единствена Македонија на изборните листи заедно со народот

Тој дополнува дека согласно одлуката на Централниот комитет на Единствена Македонија, членовите на раководството ќе предводат кандидатски листи и активно ќе учествуваат во локалната изборна трка

ЈОВЧЕСКИ: НЕ ЗБОРУВАМЕ – ДЕЛУВАМЕ  – И членови на раководството на Единствена Македонија на изборните листи заедно со народот
Фото: Единствена Македонија

Милан Јовчески, генерален секретар на Единствена Македонија и носител на советничката листа за Општина Прилеп, најави средби со граѓаните со силна порака:

„Не зборуваме – делуваме! Не ветуваме од канцеларија – затоа членовите на раководството се на првата линија, на терен, лице в лице со народот. Ветивме чесност, ветивме борба и стоиме зад својот збор“, – потенцира Јовчески.

Тој дополнува дека согласно одлуката на Централниот комитет на Единствена Македонија и членови на раководството на партијата ќе предводат кандидатски листи и активно ќе учествуваат во локалната изборна трка. Целта е враќање на честа, правдата и народната власт во секоја општина.

Јовчески најави дека жителите на Прилеп на негови директни средби на терен ќе можат да ги слушнат сите планови за развојот на Општина Прилеп.

CATEGORIES
TAGS
Share This