ОТКАКО ДУИ ПРЕДУПРЕДИ НА ГРАНИЦИ НА ТРПЕНИЕ Стигна жесток одговор од Единствена Македонија
Тетово е град на сите граѓани, но е нераскинлив дел од Република Македонија“, порача партијата во својата реакција.

Два дена јавноста е сведок на вознемирувачки изјави од страна на ДУИ, на кои им се придружија и дел од албански професори, поранешни пратеници и поранешни државни функционери, во врска со судската одлука за називите на улиците, плоштадите и мостовите во Тетово.
Наместо да се повика на почитување на институциите и владеењето на правото, ДУИ создава политичка тензија и испраќа пораки дека судските одлуки треба да важат само кога некому му одговараат.
Особено загрижуваат изјавите дека почитувањето на законските процедури и враќањето на претходните називи на јавните објекти претставувало „враќање пред 2001 година“, како и тврдењата дека Тетово е „албански град“ и дека „трпението на Албанците има граница“.
Вакви изјави претставуваат опасна политичка реторика која отвора непотребни поделби и тензии меѓу граѓаните. Единствена Македонија ваквите провокации и ги става како највисок приоритет во својата политичка агенда. Тетово е град на сите негови граѓани, но е и нераскинлив дел од Република Македонија. Судските одлуки мора да се почитуваат на целата територија на државата, без исклучок и без политички притисоци.
Единствена Македонија упатува јасна порака дека иднината на државата се гради со почитување на законите, институциите и мирот, а не со закани.
Ја користиме приликата да го реафирмираме нашиот став дека никогаш нема да ги предадеме Македонија и Македонците и за таа цел ќе ги поништиме антимакедонските и антидржавни акти со кои се рушат македонската држава и македонскиот народ. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, затоа онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија


