ПОСВЕЖО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер и можен дожд во овие региони

Граѓаните ги очекува променливо време со комбинација од облаци, сонце и свежина.

ПОСВЕЖО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер и можен дожд во овие региони
Фото: Национал

Времето денеска (17.05) ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и температура од 3 до 22 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Претежно во крајните западни и источни региони ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец (наместа над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северозападен правец.

CATEGORIES
Share This