ОРБАН УДРИ ПО НОВАТА ВЛАСТ Добата на тиранијата повторно започна
Поранешниот унгарски премиер ја обвини новата влада дека воспоставила „нелегитимен“ политички систем и ги повика своите поддржувачи на мирен отпор.

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан ја обвини новата влада предводена од Петер Маѓар дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем, откако обвинителите извршиле претрес во просториите поврзани со неговата партија Фидес и ги заплениле серверите.
Орбан, кој по 16 години на власт ги загуби априлските избори, ги упати своите први поостри политички пораки по изборниот пораз. Во објава на Фејсбук, тој повика на мирен отпор против новата власт и ги повика своите приврзаници да се спротивстават на, како што го нарече, „злоупотребувањето на моќта“.
„Добата на тиранијата повторно започна во Унгарија“, порача Орбан, тврдејќи дека земјата повеќе не е демократска држава.
Според него, новата влада на десноцентристичката партија Тиса, предводена од Петер Маѓар, со усвоениот уставен амандман го нарушила демократскиот поредок, меѓу другото и преку прекин на мандатите на претседателот и претседателот на Уставниот суд.
Орбан оцени дека политичкиот систем воспоставен со овие промени е „нелегитимен“ и порача дека Фидес ќе ги искористи сите мирни средства за да се спротивстави на власта, како во парламентот, така и надвор од него.
На прес-конференција тој дополнително ги критикуваше новите власти, најавувајќи дека функционерите назначени од владата на Тиса ќе ги смета за „нелегитимни“.
Орбан ги повика своите поддржувачи да се мобилизираат и да се борат за, како што тврди, „враќање на демократијата“ во Унгарија, обвинувајќи ја новата влада дека го нарушила демократскиот систем во земјата.


