OpenAI ЛЕТА КОН 40 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Приходите речиси двојно поголеми за само една година
Растот на приходите се забрзува, а меѓу главните двигатели се AI алатките за програмирање, претплатите и новиот рекламeн бизнис.

Американската компанија OpenAI е на пат да оствари годишен приход од повеќе од 40 милијарди долари, според информации од извори запознаени со работењето на компанијата, кои ги објави Bloomberg. Тоа би значело речиси двојно зголемување во однос на приходниот ритам забележан на крајот од 2025 година.
Забрзаниот раст на приходите дополнително ја зајакнува позицијата на OpenAI во пресрет на можен излез на берзата. Компанијата бележи сè поголема побарувачка за своите услуги, при што меѓу главните извори на приходи се претплатите, алатките за програмирање со вештачка интелигенција и новиот рекламeн бизнис.
Според Bloomberg, растот особено се забрзал во последните месеци, што покажува дека OpenAI успева брзо да ја претвора зголемената употреба на своите AI производи во приходи. Доколку сегашниот тренд продолжи, компанијата би можела да ја заврши годината со уште посилна финансиска позиција пред потенцијалната иницијална јавна понуда на акции (IPO).

