ОН ПОВИКА НА СОРАБОТКА ОКОЛУ СЛУЧАЈОТ ДОДИК – Советот за безбедност на ОН расправа за БиХ
Консултациите се одржуваат откако Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Додик, а Апелациониот оддел на Судот на БиХ ја потврди првостепената пресуда

Обединетите нации ги повикаа сите страни да соработуваат во врска со ситуацијата со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, со цел да се обезбеди владеење на правото. Ова го изјави заменик-портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, пред затворените консултации на Советот за безбедност, свикани на барање на Русија.
„Ги повикуваме сите групи да соработуваат за да се обезбеди владеење на правото во земјата“, рече Хак на прес-конференција, пренесе РТРС.
Консултациите се одржуваат откако Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Додик, а Апелациониот оддел на Судот на БиХ ја потврди првостепената пресуда со која тој е осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка дејност, поради непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит.


