МИЛЕНКО СЕ ЖАЛИ НА ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОК – Бара почитување на правната држава и владеење на правото

ФФМ отвори дисциплинска постапка по контроверзната прослава на Вардар.

МИЛЕНКО СЕ ЖАЛИ НА ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОК – Бара почитување на правната држава и владеење на правото
Фото: Принтскрин

По најавата на ФФМ за отворање дисциплинска постапка против ФК Вардар поради прославата на освоената титула, директорот на клубот Миленко Неделкоски преку социјалните мрежи информираше дека правниот тим на клубот официјално одговорил на покренатата постапка.

Во реакцијата, ФК Вардар ја оспорува надлежноста на дисциплинските органи, како и изнесените обвинувања, повикувајќи се на важечките закони на Република Северна Македонија и релевантните одредби од правилниците на ФФМ. Од клубот наведуваат дека очекуваат постапка која ќе биде „сериозна и правно издржана“.

Во меѓувреме, останува прашањето дали случајот ќе резултира со конкретни санкции или ќе заврши без посериозни последици, што ќе зависи од конечната одлука на дисциплинските органи на ФФМ.

Според ставови изнесени во јавноста, случајот отвора и поширока дебата за одговорноста при јавни прослави и говорот на навивачите, особено кога се во прашање навредливи пораки. Во одредени реакции се посочува дека во слични ситуации во други фудбалски асоцијации под надлежност на УЕФА и ФИФА, реакциите и санкциите често се построги.

ФК Вардар во меѓувреме доставил и официјален допис до дисциплинските органи на ФФМ.

Истовремено, претседателот на ФФМ, Масер Омерагиќ, изјави дека федерацијата не поддржува навредливи песни и однесување на фудбалерите на ФК Вардар за време на прославата на титулата, насочени кон Битола и пејачката Каролина Гочева. Тој потврди дека е покрената дисциплинска постапка против клубот, согласно правилникот на ФФМ, кој предвидува и парични казни.

Омерагиќ нагласи дека вакви појави постојат во спортот со децении, но денес многу побрзо стануваат јавни преку социјалните мрежи. Според него, проблемот е подлабок, но ФФМ ќе продолжи со мерки и санкции за да се спречат вакви инциденти.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, истакна дека институциите стојат против ваквото однесување и дека спортските работници треба да бидат пример за младите. Тој порача дека прославите треба да бидат достоинствени, без навреди и омраза, бидејќи тоа е важно за здраво општество.

 

Screenshot

Screenshot

CATEGORIES
Share This