ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА Проверете колку ќе плаќате од полноќ

Од полноќ бензините поевтинија за 2 денари по литар, додека дизелот поскапе за 1,50 денари.

ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА Проверете колку ќе плаќате од полноќ
Фото: Национал

Од полноќ стапија во сила новите малопродажни цени на горивата, согласно кои бензините поевтинуваат, додека дизел горивото бележи поскапување.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 е намалена за 2 денари и сега изнесува 86 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поевтинува за 2 денари и се продава по 88 денари за литар.

Од друга страна, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 1,50 денари, па неговата нова цена од денеска е 87 денари за литар.

Новите цени се применуваат од 00:01 часот.

CATEGORIES
Share This