ОБСЕ ВО АКЦИЈА – Над 130 парламентарци го „скенираат“ изборниот процес во Унгарија

Моника Зајкова и Мимоза Муса дел од големата ОБСЕ мисија за следење на изборите во Унгарија

ОБСЕ ВО АКЦИЈА – Над 130 парламентарци го „скенираат“ изборниот процес во Унгарија
Фото: Принтскрин

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ, и Мимоза Муса, член на истата делегација, учествуваат во мисијата за набљудување на парламентарните избори во Унгарија, кои се одржуваат денеска на 12 април 2026 година.

Мисијата опфаќа повеќе од 130 парламентарци од 37 земји членки на ОБСЕ, распоредени во различни региони на Унгарија со цел следење на изборниот процес.

Специјален координатор на краткорочната набљудувачка мисија е Саргис Канданјан, пратеник од Ерменија и претседател на Комисијата за демократија, човекови права и хуманитарни прашања во ПС на ОБСЕ. Раководител на мисијата на ПС на ОБСЕ е пратеничката Рупа Хук од Обединетото Кралство.

Парламентарното собрание на ОБСЕ по четврти пат ги следи изборите во Унгарија. Набљудувачите тесно соработуваат со тимот на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), предводен од Еоган Марфи од Ирска, кој вклучува меѓународни експерти со седиште во Будимпешта, како и долгорочни и краткорочни набљудувачи распоредени низ земјата.

Во рамки на подготовките, набљудувачите учествуваа на дводневни брифинзи со претставници на политичките партии и коалиции, изборната администрација, граѓански организации, медиуми и експерти, со цел подобро запознавање со изборниот процес и условите за негово спроведување.

CATEGORIES
Share This