ОБЛАЧНО И СТУДЕНО, СНЕГ ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Еве какво време нè очекува

Врнежи од снег се очекуваат во повеќе делови од земјата, а долж Повардарието ќе има дожд и снег. Во Скопје снегот ќе престане во попладневните часови, информираат од УХМР.

ОБЛАЧНО И СТУДЕНО, СНЕГ ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД ЗЕМЈАТА Еве какво време нè очекува
Фото: Принтскрин

Во Македонија денеска ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места, особено долж Повардарието, ќе има дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 2 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, кои ќе престанат во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

CATEGORIES
Share This