ОБЛАЧНО И ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ Температури до 15 степени
Повремени локални врнежи од дожд се очекуваат особено во попладневните и ноќните часови, а ќе дува слаб северен ветер.

Фото: Национал
Денеска во Македонија ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Врнежите ќе бидат поизразени во попладневните часови и во текот на ноќта.
Минималната температура ќе се движи околу 4 степени, додека максималната ќе достигне до 15 степени. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта.
Ќе дува слаб ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија

