НОВИ ОБВИНУВАЊА ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА Русија и Украина пред СБ на ОН

Спасувачите продолжуваат да бараат преживеани под урнатините, судбината на 11 ученици сè уште е непозната.

НОВИ ОБВИНУВАЊА ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА Русија и Украина пред СБ  на ОН
Фото: Принтскрин

Бројот на жртви од нападот на украинските вооружени сили врз интернат во Старобелиск, во самопрогласената Луганска Народна Република, се искачи на 10 загинати и 48 повредени, соопшти денес руското Министерство за вонредни ситуации. Според истите информации, дел од повредените се во тешка состојба.

Спасувачките екипи продолжуваат со расчистување на урнатините од срушената зграда, при што дополнително се ангажирани тимови од руските служби за вонредни ситуации.

Претседателот на ЛНР, Леонид Пашечник, изјави дека судбината на 11 ученици сè уште е непозната.

Во меѓувреме, во Њујорк се одржа итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, свикана на барање на Русија, по извештаите за напад со беспилотни летала врз студентски дом во Старобелиск.

Рускиот претставник во ОН, Василиј Небензја, го оцени нападот како намерен чин и „воено злосторство“, обвинувајќи ја Украина за напад врз цивилна инфраструктура и барајќи најостра осуда од меѓународната заедница. Тој предупреди дека „молчењето би значело соучество“.

Кинескиот амбасадор во ОН, Сун Леи, повика на воздржаност и итна деескалација, истакнувајќи дека и Украина и Русија изведуваат напади кои ја загрозуваат цивилната инфраструктура, вклучително и училишта и станбени области. Тој нагласи дека дијалогот и флексибилноста се клучни за изнаоѓање пат кон мир.

CATEGORIES
Share This