САД СЕ ПОВЛЕКУВААТ Рубио призна дека мировните преговори за Украина пропаднале

Вашингтон останува отворен за ново вклучување во дијалогот.

САД СЕ ПОВЛЕКУВААТ Рубио призна дека мировните преговори за Украина пропаднале
Фото: Принтскрин

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека преговорите со учество на Вашингтон за завршување на војната во Украина се прекинати поради недостиг на напредок, но дека САД остануваат отворени за повторно вклучување доколку се појави реална можност за резултати.

Тој ова го изјави пред новинарите за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска, пренесува Укринформ.

Рубио нагласи дека САД се вклучиле во процесот затоа што, како што им било кажано, тие се единствената страна со влијание врз двете страни во конфликтот.

„Се вклучивме затоа што ни кажаа дека ние сме единствените што можат да го направат тоа. Единствените со кои ќе разговараат и Русите и Украинците“, рече Рубио.

Тој додава дека досегашните напори не дале резултат.

„За жал, тие не беа продуктивни“, изјави Рубио.

Тој ги отфрли тврдењата дека Вашингтон вршел притисок врз Киев да заземе одредени ставови, оценувајќи ги како неточни.

Рубио додаде дека САД се подготвени да ја продолжат својата улога доколку постои шанса за напредок, но не сакаат да учествуваат во процеси без конкретни резултати.

„Во последните неколку месеци, имавме чувство дека нема значителен напредок, но можеби динамиката ќе се промени… Ако видиме можност за продуктивни преговори, ние сме подготвени да се вклучиме“, истакна тој.

Според него, војната може да заврши само со договорено решение, а не со воена победа на една од страните.

CATEGORIES
Share This