НОВА ЗАКАНА ОД ВАШИНГТОН – Можеме да го земеме иранскиот ураниум веднаш и без договор
Порака од Трамп декане исклучува еднострани чекори кон Иран.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека на САД не им е потребен договор со Иран за да дојдат до збогатен ураниум од таа земја.
Тој нагласи дека „можат да го добијат веднаш“, додавајќи дека не смета оти некој би можел да ги спречи доколку одлучат да го направат тоа, и дека „нема причина за тоа“, бидејќи ураниумот е закопан, пренесува Ројтерс.
Трамп исто така изјави дека не сака да се сретне со иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи, но дека во случај на постигнување договор меѓу Вашингтон и Техеран, таква средба би била можна.
„Ако тоа се случи, би покажал почит“, рече тој.
Претходно, Трамп изјави дека САД на крајот ќе ги преземат залихите на високо збогатен ураниум на Иран, и покрај ставот на Техеран дека нема намера да го предаде тој материјал.
