НОВА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА Оваа сума ја земале вработените во мај

Просечната нето-плата во мај достигна 49.544 денари, што е раст од 8,2 отсто во однос на истиот месец лани.

НОВА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА Оваа сума ја земале вработените во мај
Фото: Национал

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2026 година изнесувала 49.544 денари, што претставува зголемување од 8,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Најголем раст на просечната нето-плата во однос на мај 2025 година е забележан во секторите „Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде платите се зголемиле за 11,9 отсто.

Раст на платите е регистриран и во секторите „Уметност, забава и рекреација“, со зголемување од 11,3 отсто, како и „Транспорт и складирање“, каде просечната нето-плата е повисока за 10,9 отсто на годишно ниво.

Во однос на април 2026 година, најголем месечен раст на просечната исплатена нето-плата има во секторот „Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли“, со зголемување од 6,3 отсто.

Следуваат „Рударство и вадење камен“ со раст од 5,8 отсто и „Транспорт и складирање“ со зголемување од 5,7 отсто.

Според статистичките податоци, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2026 година изнесувала 74.482 денари.

CATEGORIES
Share This