НОВА ИЗМАМА ВО МАКЕДОНИЈА – Лажен МВР ви бара пари за прекршок, дали и вие ја добивте оваа порака?

Измамници користат странски број и фалсификувана веб-страница слична на официјалната.

НОВА ИЗМАМА ВО МАКЕДОНИЈА – Лажен МВР ви бара пари за прекршок, дали и вие ја добивте оваа порака?
Фото: Национал

Граѓаните добиваат СМС пораки за наводни сообраќајни прекршоци, во кои се бара уплата од 1.500 денари. Од Министерството за внатрешни работи предупредуваат дека станува збор за измама.

Пораките ги испраќаат непознати лица преку странски телефонски број од Филипините (+639606963624) и содржат линк до лажна веб-страница што наликува на официјалната страница на МВР (mvr.govmk.cam/mk).

Како функционира измамата? Откако корисникот ќе кликне на линкот, се пренасочува на фалсификувана страница каде се бара внесување на регистарската табличка на возилото. Потоа се прикажува наводен прекршок и се бара плаќање од 1.500 денари со платежна картичка.

Од МВР апелираат граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, ниту да внесуваат лични податоци или податоци од банкарски картички на непроверени страници, бидејќи тие можат да бидат злоупотребени.

Дополнително, Секторот за компјутерски криминал ги предупредува граѓаните и компаниите да не отвораат сомнителни пораки и прилози од непознати испраќачи, со цел да се заштитат од вакви измами.

CATEGORIES
TAGS
Share This