НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ПОПЛАДНЕ – Пороен дожд и грмежи во повеќе делови од Македонија

Денот ќе започне со сончеви периоди, а попладне облачноста ќе донесе дожд и грмежи во одделни региони.

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ  ПОПЛАДНЕ – Пороен дожд и грмежи во повеќе делови од Македонија
Фото: Национал

Времето денеска (15.05) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура во интервал од 6 до 25 степени – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

CATEGORIES
Share This