(ВИДЕО) НЕОЧЕКУВАНИ СЦЕНИ ОД АМБАСАДАТА Кој сè беше на подиумот за танцување

Претседателката Сиљановска-Давкова забележана и на подиумот за танцување.

(ВИДЕО) НЕОЧЕКУВАНИ СЦЕНИ ОД АМБАСАДАТА Кој сè беше на подиумот за танцување
Фото: Принтскрин

Приемот по повод 4 јули и 250-годишнината од независноста на САД, организиран во Амбасадата на САД, се одржа во атмосфера исполнета со разговори и жива музика.

На настанот присуствуваа бројни гости од јавниот и политичкиот живот, меѓу кои и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која беше забележана и на подиумот за танцување. Меѓу присутните беше и премиерот Христијан Мицкоски.

Американската амбасада сподели видео од прославата на својата официјална Фејсбук страница, истакнувајќи ја празничната атмосфера и добрата енергија.

„Додека денес ја славиме 250-годишнината од американската независност, се потсетуваме на вечер исполнета со топли разговори, жива музика и подиум за танцување полн со енергија и прекрасен одраз на силните врски, споделените вредности и духот на заедништвото. Ви благодариме на сите што ни се придружија и помогнаа прославата да биде толку незаборавна“, стои во објавата на Амбасадата на САД.

CATEGORIES
TAGS
Share This