НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ – Мадуро доби дозвола за пари од Венецуела за адвокати

Американските власти дозволија Венецуела да ги покрие трошоците за одбрана на Мадуро и неговата сопруга.

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ – Мадуро доби дозвола за пари од Венецуела за адвокати
Фото: Принтскрин

Американската администрација направи неочекуван пресврт откако по заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрече забрана за плаќање на адвокатските трошоци за Мадуро од страна на венецуелската влада.

Како што објавува „Њујорк тајмс“, американските власти дозволиле владата на Венецуела да ги покрие трошоците за адвокатска одбрана на Мадуро и неговата сопруга Селија Флорес, за кои во тек е судска постапка во САД.

Одлуката е содржана во писмо од Џеј Клејтон, обвинител од Јужниот округ на Њујорк, доставено до федералниот суд на Менхетен. Во него се наведува дека американското министерство за финансии издаде изменети лиценци со кои се овозможуваат исплати од венецуелската влада кон нивните адвокати.

Според „Њујорк тајмс“, судијата не утврдил безбедносни ризици за САД во врска со оваа финансиска одлука. Исто така се наведува дека правниот тим на Мадуро го повлекол барањето за отфрлање на обвинението, откако измената на ставот на американското Министерство за правда го направила тоа барање неважно.

Венецуелскиот претседател и неговата сопруга на почетокот на постапката се изјаснија за невини по обвиненијата.

CATEGORIES
TAGS
Share This