НЕМА ВЕЌЕ БЕСПЛАТЕН ПРЕМИН Иран воведува такси за бродовите низ Хормускиот теснец

Бродовите на земјите на кои ќе им биде дозволено да минуваат низ теснецот ќе плаќаат за безбедност, гориво, осигурување и други услуги што ги обезбедува Иран.

НЕМА ВЕЌЕ БЕСПЛАТЕН ПРЕМИН Иран воведува такси за бродовите низ Хормускиот теснец
Фото: Принтскрин

Иранскиот парламентарен комитет за национална безбедност и надворешна политика одобри предлог-закон со кој се предвидува воведување такси за транзитни и други услуги за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец.

Предлог-законот, насловен „Стратешка акција за обезбедување безбедност и напредок во Хормускиот теснец“, предвидува наплата за поморски и еколошки услуги, снабдување со гориво под посебни услови, осигурување, безбедност и други услуги што ги обезбедува Иран.

Портпаролот на парламентарниот комитет, Хасан Кашкави, изјави дека таксите ќе се наплаќаат од бродовите на земјите на кои им е дозволено да минуваат низ теснецот.

Според него, предлог-законот ги зема предвид правата на земјите што се граничат со Хормускиот теснец, а плаќањето ќе може да се врши во ирански ријали или во друга валута што ќе ја одреди официјален Техеран.

Со оваа иницијатива Иран планира да ги наплатува услугите поврзани со пловидбата, безбедноста и снабдувањето на еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта и други енергенси.

ТЕХЕРАН СЕ ЗАКАНУВА Хормутскиот теснец е наш, Американците да си одат веднаш или…

CATEGORIES
Share This