ЗЛАТЕН КАФЕЗ ВО МОСКВА Како денес живее Башар ал-Асад по бегството од Сирија

Луксуз, строга безбедност и политичка изолација, откриени детали за новиот живот на поранешниот сириски лидер во Русија.

ЗЛАТЕН КАФЕЗ ВО МОСКВА Како денес живее Башар ал-Асад по бегството од Сирија
Фото: Принтскрин

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, кој по падот на неговиот режим во декември 2024 година избега во Русија, денес живее далеку од очите на јавноста, под заштита на руските безбедносни служби. Според повеќе медиумски извештаи, неговото семејство престојува во луксузни објекти во Москва и околината.

Според извори цитирани во странски медиуми, семејството Асад располага со голем број луксузни станови во комплексот „Москва-Сити“. Дел од извештаите наведуваат дека станува збор за околу 20 станови, додека други извори тврдат дека семејството користи три големи апартмани во еден од московските облакодери.

По пристигнувањето во Русија, семејството извесно време престојувало во хотелски апартмани, каде неделниот престој можел да достигне околу 13.000 долари, пред подоцна да се пресели во луксузен пентхаус во „Москва-Сити“. Подоцна, според извештаите, Асад почнал да престојува и во куќа во московскиот регион.

И покрај луксузот, неговиот живот во егзил е далеку од политички активен. Руски претставници претходно потврдија дека Асад може да живее во Русија, но нема право да се занимава со политичка или медиумска активност.

Медиумите исто така пишуваат дека неговото секојдневие е прилично затворено. Според еден извештај, тој поминува голем дел од времето играјќи онлајн-игри, додека други извори наведуваат дека повторно се посветил на медицината и изучува руски јазик.

Така, по повеќе од две децении на власт во Сирија, животот на Асад денес изгледа како комбинација од луксуз, безбедност и изолација и далеку од политичката сцена на која некогаш имаше целосна контрола.

Во меѓувреме, неговата правна положба во Сирија е драстично променета. Сирискиот суд неодамна го прогласи за виновен за тешки злосторства поврзани со долгогодишната војна во земјата и му изрече смртна казна во отсуство.

ОД ДАМАСК ДО МОСКВА, ПА ДО СМРТНА КАЗНА Судот пресече за Башар ал Асад

CATEGORIES
Share This