НЕ ЗАПИРА НИШТО Грчкиот туризам „експлодира“ и покрај војни и кризи во светот

Грција бележи четврта рекордна туристичка сезона по ред, со милиони нови пристигнувања.

НЕ ЗАПИРА НИШТО Грчкиот туризам „експлодира“ и покрај војни и кризи во светот
Фото: Принтскрин

Грчкиот туризам продолжува да бележи силен раст и покрај глобалните економски и геополитички предизвици, со четврта рекордна сезона по ред.

Во 2025 година, Грција ја посетиле околу 43 милиони странски туристи, а приходите достигнале речиси 24 милијарди евра. Туризмот учествува со околу 13% во БДП директно, а со индиректните ефекти дури до една третина од економијата.

Секторот е клучен и за вработувањето, со околу 750 илјади работни места во сезоната.

Во почетокот на 2026 година растот продолжува, со значително зголемени пристигнувања и приходи, особено од Европа, иако има пад од американски туристи поради поскапите летови.

И покрај тоа, прогнозите остануваат оптимистички: до 2030 година се очекуваат околу 50 милиони туристи и уште поголеми приходи.

CATEGORIES
Share This