НАУНОВСКИ СО ЖЕСТОКИ ПОРАКИ Што се случува на Балканот, каде оди Македонија и зошто СДСМ тоне
Професорот во „Студио 10“ зборуваше за Србија, „Шарената револуција“, економијата, унгарскиот кредит и уставните измени.

Професорот и политички аналитичар Тони Науновски гостуваше во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24, каде отвори повеќе актуелни политички, економски и национални прашања, упатувајќи остри критики и анализирајќи ги предизвиците со кои се соочува Македонија.
Во фокусот на разговорот беа политичките случувања во соседна Србија, таканаречената „Шарена револуција“ и можните последици врз стабилноста на Балканот и македонските национални интереси.
Науновски зборуваше и за економската состојба во Македонија која ја оцени како катастрофална, платите, државниот буџет и унгарскиот кредит, а ги анализираше и состојбите во опозицијата, нискиот рејтинг на СДСМ и потребата од создавање вистинска политичка алтернатива.
Посебен дел од интервјуто беше посветен на европската интеграција, можностите што ги нудат европските фондови и ставот на Науновски за барањето Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав.
Целото интервју со Тони Науновски погледнете го во видеото:

