НАТО ВО РАСПАД – Рубио со жесток напад, Зошто сме таму ако не ни ги даваат базите
Одбивањето за користење на воени бази ја отвора дебатата за иднината на Алијансата.

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро го критикуваше однесувањето на дел од сојузниците во НАТО, оценувајќи дека ограничувањето на пристапот на САД до воените бази отвора сериозни прашања за улогата и смислата на Алијансата.
Во интервју за медиумите, Рубио посочи дека некои земји-членки не дозволиле користење на нивните бази за време на конфликтот со Иран, што според него е спротивно на суштината на НАТО.
„Главната причина поради која НАТО е важен за Америка е можноста за стратешко распоредување и користење бази. Ако сојузници како Шпанија ни го ограничуваат тоа право кога има криза, тогаш логично се поставува прашањето, која е вистинската цел на Алијансата?“, изјави Рубио.
Тој додаде дека одредени партнери се однесуваат како сојузници само кога тоа им одговара, нагласувајќи дека САД има „целосно легитимни дилеми“ околу функционирањето на НАТО.
Според Рубио, ако Вашингтон не може да ги користи базите во моменти кога сака да ги заштити своите национални интереси, тогаш се поставува прашањето дали американското присуство во рамки на Алијансата е еднострано насочено само кон заштита на другите членки.
