ФИЛИПЧЕ УДРИ ПО ВМРО-ДПМНЕ – Сиљановска со една изјава ја „сруши“ нивната приказна за Преспанскиот договр

Филипче бара јавно извинување од Христијан Мицкоски за, како што вели, политичка пропаганда.

ФИЛИПЧЕ УДРИ ПО ВМРО-ДПМНЕ – Сиљановска со една изјава ја „сруши“ нивната приказна за Преспанскиот договр
Фото: СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со својата последна изјава за Преспанскиот договор, индиректно признала дека ВМРО-ДПМНЕ со години ги доведувала граѓаните во заблуда во однос на прашањето за идентитетот и договорот.

Филипче потсети дека Сиљановска-Давкова претходно изјавувала дека никогаш нема да го употреби името „Северна Македонија“, додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврдел дека Преспанскиот договор не е завршена работа. Тој нагласи дека, и покрај тие ставови, претседателката сега изјавува дека договорот го потврдува и зачувува македонскиот национален идентитет.

Според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ со години спроведувала пропаганда преку медиуми и различни мрежи, со цел да се создаде погрешна слика кај јавноста. Тој побара Мицкоски јавно да се извини за, како што рече, ширењето дезинформации.

Филипче додаде дека преку „силна пропаганда“ биле користени различни медиумски и дигитални канали, при што, според него, граѓаните биле изложени на неточни информации. Тој истакна дека Мицкоски треба да преземе одговорност и да се извини за претходните политички пораки и кампањи.

На крајот, Филипче порача дека Преспанскиот договор не го загрозува македонскиот идентитет, туку напротив го зајакнува, и нагласи дека СДСМ стои зад тој став, кој, според него, треба да го споделуваат и граѓаните.

CATEGORIES
Share This