НАФТАТА ТРГНА НАДОЛУ Хормутскиот теснец отворен, милиони барели тргнуваат кон пазарите

Повторното движење на танкерите низ Хормутскиот теснец ги зголеми очекувањата за поголема понуда на светскиот пазар.

НАФТАТА ТРГНА НАДОЛУ Хормутскиот теснец отворен, милиони барели тргнуваат кон пазарите
Фото: Принтскрин

Цените на нафтата забележаа пад во петокот, откако се зголемија очекувањата дека на глобалниот пазар ќе има поголемо снабдување по повторното отворање на Ормутскиот теснец и постигнатиот договор меѓу САД и Иран.

Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ до 03:28 часот по Гринич се намалија за 43 центи, односно 0,54 отсто, достигнувајќи 79,42 долари за барел. Американската нафта WTI падна за 17 центи, или 0,22 отсто, на 76,43 долари за барел.

Пазарите реагираа откако танкери повторно започнаа да минуваат низ Ормутскиот теснец, клучна рута за транспорт на нафта, по привремениот мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран. Меѓу бродовите кои продолжија со пловидба имало и три танкери под саудиско знаме, кои транспортирале околу 6 милиони барели сурова нафта.

Аналитичарите проценуваат дека договорот би можел да овозможи враќање на повеќе од 85 милиони барели нафта кои досега биле блокирани во регионот на Блискиот Исток. Дополнително, најавеното укинување на американските санкции кон иранската нафта би можело дополнително да го зголеми глобалното снабдување и да изврши притисок врз цените.

ИСТОРИСКИ ПРЕВРТ НА ПАЗАРОТ Еден договор ја собори цената на нафтата од над 100 на под 80 долари

CATEGORIES
TAGS
Share This