НАФТАТА ПАЃА ТРЕТ ДЕН ПО РЕД Брент се спушти на 102 долари за барел

Падот на цените ги зголемува очекувањата за намалување на инфлациските притисоци, додека доларот ја задржува силната позиција на светските пазари.

НАФТАТА ПАЃА ТРЕТ ДЕН ПО РЕД Брент се спушти на 102 долари за барел
Фото: Принтскрин

Цените на нафтата продолжија да паѓаат трет ден по ред, што ги зголеми очекувањата дека, доколку трендот продолжи, би можело да дојде до намалување на инфлациските притисоци.

На лондонскиот пазар, цената на барелот нафтата „брент“ утрово се спушти на 102,1 долар. На американскиот пазар, цената на барелот падна на 99,63 долари.

На валутните пазари, индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте најзначајни светски валути, утрово благо се намали на 100,23 поени, од вчерашните 100,28 поени.

Сепак, доларот ја задржува силната позиција во однос на повеќето валути, додека во однос на еврото ослабе. Еврото утрово достигна вредност од 1,1485 долари, во споредба со 1,1465 долари во истото време вчера.

CATEGORIES
Share This