НАД 350 ДРОНОВИ КОН МОСКВА 64 уништени додека се приближувале кон руската престолнина
Градоначалникот Собјанин соопшти дека најголем дел од беспилотните летала биле соборени на периферијата на Московскиот регион.

Фото: Принтскрин
Повеќе од 350 дронови биле насочени кон Московскиот регион во периодот од четвртокот навечер до петокот наутро, соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Според неговите информации, најголемиот дел од беспилотните летала биле уништени на периферијата на Московскиот регион, додека 64 дронови биле соборени при приближувањето кон руската престолнина.
„Од 20 часот на 17 септември до 7 часот на 18 септември, повеќе од 350 дронови летаа кон Московскиот регион. Повеќето беа уништени на периферијата, а 64 беа уништени додека се приближуваа кон Москва“, напиша Собјанин на својот канал на платформата „Макс“.
CATEGORIES Свет

